Серија работни состаноци на Народна банка и Комисијата за хартии од вредност

21

Изминатиов месец беше одржана серија работни состаноци на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност на кои учествуваа повеќе експерти од двете институции, стои во соопштението.

Состаноците беа одржани со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка и размена на информации, мислења и искуства во доменот на супервизорската и регулаторната функција на двете институции, а со цел обезбедување стабилен и сигурен финансискиот систем и негово ефикасно функционирање.

Заради подобро запознавање на експертите од Комисијата со хартии од вредност со работата и надлежностите на централната банка, на состаноците, акцентот беше ставен на повеќе теми поврзани со вршењето супервизија на банките, надгледување на инфраструктурата на финансиски пазари, пазарите преку шалтер, регулаторните аспекти поврзани со вложувањето во хартии од вредност од страна на физички и правни лица во странство кое се одвива преку банките и начините на отворање сметки итн.

На состаноците беше дискутирано и за очекуваните идни промени како резултат на новиот Нацрт закон за платежни услуги и платни системи на кој заеднички работат Народната банка и Министерството за финансии. Во Нацрт-законот се транспонирани релевантни директиви и регулативи на Европската Унија во областа на плаќањата.

Оценето е дека овие состаноци придонесоа за продлабочување на соработката меѓу двете институции.