Сеул ќе го добие првиот роботски научен музеј

57

Фото: Мelike Аltınışık аrchitects

Турското дизајнерско студио Мelike Аltınışık аrchitects (MAA) ја доби првата награда за својот дизајн на научен музеј за роботи во Сеул, Јужна Кореја. Планирано е музејот Robot science museum (RSM) да ја има својата прва изложба следната година, додека официјалното отворање е закажано за крајот на 2022 година. RSM ќе ги едуцира луѓето за роботите со цел да го зголеми интересот кај јавноста за роботиката како наука.

Огромното здание ќе зафаќа површина од 6.500 метри квадратни, а ќе изгледа како сфера, пишува Designboom.

Во RSM посетителите ќе имаат можност да искусат виртуелна реалност, проширена реалност, да видат хилограми и сите најнови технолошки достигнување во индустријата.

Она што е најинтересно е што самиот музеј ќе биде изграден од тим на роботи, со што ќе се заштеди на време и пари. Работите со помош на систем за градење и моделирање ќе составуваат, заваруваат, моделираат, полираат, печатат во 3D техника, односно ќе бидат градежници на проектот.