Северна Кореја со хакерски напад украла крипто валути вредни 316 милиони долари

36

Северна Кореја од 2019 година преку кибернетички напади украла крипто валути во вредност од повеќе од 316 милиони долари за да ја финансира својата нуклеарна и балистичка програма, стои во во извештајот на Обединетите нации.

Во извештајот се наведува дека “вкупната кражба на виртуелен имот од 2019 година до ноември 2020 година се проценува на околу 316,4 милиони долари“.

Финансиски институции се хакирани за да се создадат приходи за развој на нуклеарно оружје и ракети во Северна Кореја. Поголемиот дел од средствата доаѓа од две кражби извршени на крајот на минатата година.

Познато е дека Пјонгјанг управува со војска од илјадници хакери кои напаѓале компании и институции во Јужна Кореја и други земји. Северна Кореја е претходно е обвинувана дека користи хакерски напади за да оствари финансиска добивка.

Фото: Freepik