Шал од кашмир што после носењето може и да се засади

55

Доколку сакате да бидете модерни во текот на зимските денови, но во исто време и еколошки свесни, тогаш биоразградливите шалови од кашмир се вистинското решение, пренесува Euronews.

Нивното одложување воопшто не ја загадува земјата, туку ја прави да биде плодна.

Група жени од британска занаетчиска работилница и од текстилна компанија развија иновативни шалови од кашмир. Почнале да одржлив начин да го одгледуваат кашмирот и да прават шалови од него.

Кашмирот се произведува од волна што се добива од посебен вид на кози. Овие жени ги чуваат козите на голема површина, во недопрена природа и животните можат слободно да се движат и да пасат. Волната од нив се добива со чешлање, а потоа се обработува на традиционален начин, со користење на стари бои коишто во земјата со векови се користеле за бојадисување на текстил и кои не се штетни за околината.

Биоразградливите шалови не содржат вештачки материјали, а се полни со хранливи вредност, поради што можат слободно да се засадат во почвата. На тој начин ќе стана храна за растенијата, а индиректно и за животните. Така се хранат и козите на нивната фарма.

Фото: Freepik