Шангај: Градска фарма што ќе произведува храна за 24 милиони луѓе

44

farma

Фото: Sasaki

Архитектонската компанија Sasaki претстави несекојдневен проект за кинескиот град Шангај, според кој помеѓу станбените и деловните облакодери ќе никне вертикална фарма којашто, освен за производство на храна, ќе служи и како центар за иновации, едукација и интерактивно работење на полето на урбаната агрокултура.

Sunqiao Urban Agricultural District е замислен како систем на вертикална фарма којашто ќе се вклопи помеѓу постоечките објекти. Фармата суптилно ќе се вклопи во околината, нудејќи дополнителна количина на зеленило, пишува Inhabitat.

Вертикалната фарма со површина од 100 хектари треба да произведува храна за 24 милиони луѓе, односно за сите житеи на Шангај.

Примарната идеја за изградба на вертикална фарма е да се обезбеди масовно производство на храна, но и да се создаде едукативен центар за оддржливо земјоделие.

Ваквиот пристап на проектирање ќе го подобри квалитетот на живот во градот. Се планира на оваа фарма да се одржуваат и семејни работилници каде децата ќе можат да учат за различни земјоделски техники.