Sharp го продава уделот во Pioneer

23

sharpЈапонски Sharp планира да го продаде својот удел во компанијата Pioneer, пишува Japan Times. Sharp со 9,2% е најголем акционер во Pioneer, а сега бара купувач за акциите за да може да ги финансира трошоците за реструктуирање. Компанијата ќе ги продаде своите 30 милиони акции што ги поседува во Pioneer за да исплати издадени обврзници во висина од 2,14 милијарди долари, кои стигаат на наплата во септември годинава.

Sharp уште минатата година планираше да го продаде уделот во Pioneer поради плановите за реструктуирање.

Двете компании соработуваат од 2007 година. По трансакцијата нивната соработка и понатаму ќе продолжи, а Pioneer ќе го задржи својот удел од 0,8% (10 милиони акции) во Sharp, вели изворот за Japan Times.