Шефот на Binance: Најлошото од падот на криптовалутите веројатно заврши

33

„Мислам дека најлошото веројатно помина. Сведоци бевме на прилично остар пад, рече Чангпенг Жао, извршен директор и основач на берзата за криптовалути Binance, за време на конференцијата Point Zero Forum во Цирих.

Жао, исто така, верува дека во блиска иднина нема да има нови големи падови на цените на криптовалутите, информира MarketWatch.

Во однос на берзите за криптовалути и крипто-банките, Жао предупреди дека само бизнисите кои работат со идејата за одржливост, а не со краткорочни стимулации, ќе го издржат тестот на времето.

„Ако добивате клиенти само затоа што користите стимулации за да привлечете клиенти, тоа не е вистински бизнис модел. На крајот, ќе останете без пари и ќе банкротирате“, рече Жао, цитиран од новинарот на Coindesk на Твитер.

Изјавата на Жао во врска со колапсот на криптовалутите треба да дејствува како спас за крипто-биковите. Денес со биткоинот се тргува по цена од над 21.000 долари.

Минатата недела, Binance го запре повлекувањето биткоини неколку часа поради „блокирана трансакција“, како што тогаш изјави компанијата.

Крипто-банката Celsius, исто така, го сопре повлекувањето средства и трансфери претходно во месецот „поради екстремните пазарни услови“, соопшти компанијата.