Шефот на Дојче банк ја отфрла идејата за запирање на Северен тек 1

126

Шефот на германската „Дојче банка“, Кристијан Зевинг ја отфрли идејата за запирање на гасоводот Северен тек 1.

“Прво, најавените санкции мора да стапат на сила. Сепак, санкциите имаат негативно влијание и врз нас и тоа мора да го издржиме“, изјави тој за „Велт ам Зонтаг“.

Ефектот од санкциите ќе биде крајно деструктивен, не само за руската економија, туку, како што рече Зевинг, ќе има „негативно влијание и врз нас“.

“Ако го исклучиме Северен тек 1, тоа не само што би бил прекин на испораката на руски гас за Германија, туку наскоро би довел до сериозни проблеми во снабдувањето со енергија и би имало значително зголемување на цените кај нас“, рече Зевинг.

Гасоводот „Северен тек 1“ минува низ Балтичкото Море и ги поврзува Русија и Германија, а преку него редовно се доставува гас во Западна Европа повеќе од 10 години.