Шефот на Фолксваген: Војната може да биде многу полоша за европската економија отколку пандемијата

137

Извршниот директор на германскиот производител на автомобили Фолксваген, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде многу полоша за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави Фајненшл тајмс.

“Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, рече Дис .

Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација.

Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.