Шефот на Google: Татко ми ја потроши годишната плата за да ми купи билет за САД

534

Извршниот директор на компанијата Google, Сундар Пичаи испрати важна порака до овогодинешните матуранти: “Бидете отворени, темелни, полни надеж“. За време на YouTube виртуелната церемонија Dear Class of 2020, се присети на своите скромни почетоци, растењето во Индија и нагласи дека најважно е да се остане позитивен во тешки времиња.

“Мојот татко ја потроши скоро цела своја годишна заработка за да ми купи авионски билет за САД, односно да одам на Стенфорд. Тогаш првпат летав со авион, а Америка беше прескапа“, вели 47-годишниот Пичаи.

Тој, исто така, напоменува дека растел во време кога имало мал пристап до технологии, а неговите деца сега имаат пристап до сите облици и величини.

“Немавме телефон додека не наполнив 10 години. Немав ни компјутер, додека не дојдов во Америка да студирам“, рече Пичаи.

Фото: Facebook