Шефот на најголемата руска банка: Русија би можела да се опорави од западните санкции за 10 години

50

Шефот на Сбербанк, најголемата руска банка, вели дека на Русија може да и бидат потребни 10 години за да се опорави од западните санкции.

„Враќањето во економијата пред санкциите може да потрае 10 години бидејќи нивото на трговија е преполовено“, рече Герман Греф.

Греф оценува дека рускиот увоз, но и извозот е преполовен бидејќи голем број важни земји ги прекинале економските врски со Русија.

„Зборуваме за закана од околу 15% од БДП. Поголемиот дел од нашата економија е нападнат“, рече шефот на Сбербанк на годишниот меѓународен економски форум во Санкт Петербург.