Шефовите на водечките централни банки согласни: “Тесните грла“ во снабдувањето ја поттикнува инфлацијата

75

Четворица шефови на водечките светски централни банки предупредија дека “тесните грла“ во снабдувањето најверојатно ќе траат подолго од очекуваното и може да доведе до натамошна инфлација и зголемување на платите. Тие оценија дека многу фактори што го забрзаа растот на цените се привремени и дека се очекува да исчезнат следната година.

Претседателот на американската Банка на федерални резерви, Џером Пауел, рече дека е “фрустрирачки“ тоа што тесните грла во синџирот на снабдување го попречуваат заздравувањето на најголемата светска економија и помагаат да се поттикне зголемен притисок врз цените, пренесе Financial Review, повикувајќи се на „FT“.

“Комбинацијата на голема побарувачка за стоки и “тесни грла“ направи инфлацијата да оди далеку над целта“, рече Пауел на панелот со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли и гувернерот на Банката на Јапонија, Харухико Курода.

Лагард изјави дека е неизвесно колку долго ќе траат “тесните грла“ во снабдувањето, особено кога станува збор за транспорт на контејнери или испорака на полупроводници. Бејли рече дека кризата за снабдување со гориво во Велика Британија се намалува, но дека производството ќе се врати на нивото пред пандемијата едвај следната година, со неколку месеци задоцнување во споредба со прогнозите.

Курода посочи дека јапонските производители се борат да ја следат зголемената побарувачка, особено за технолошките производи и дека нема знаци дека тоа наскоро ќе стивне.

“Побарувачката расте толку брзо што понудата не може целосно да остане во чекор со брзо растечката побарувачка. Ова веројатно ќе бара време“, рече Курода.