Фото: Facebook
Нафтениот гигант Royal Dutch Shell го купи германскиот старт – ап Sonnen, којшто произведува системи со енергетски ефикасни батерии што ја складираат енергијата добиена од сончеви панели, пишува CNN.
Со овој потег британско – холаnдската компанија станува директна конкуренција на Samsung LG и Tesla коишто веќе произведуваат вакви батерии. Од Shell велат дека зделката е дел од нивната стратегија за “нови енергии“ којашто има за цел да создаде баланс помеѓу зголемената побарувачка од енергија и потребата од намалување на штетните емисии.
Нафтената компанија планира да вложува две милијарди долари годишно во бизнисот со енергетска ефикасност. Првата инвестиција во Sonnen беше направена во мај со вложени 67 милиони долари како дел од кампања за групно финансирање
Германија е најголем потрошувач на ваков тип на батерии, со вкупно 70.000 домашни инсталации. Втора е Австралија со 60.000, додека САД се на трето место со 20.000 инсталации, најголемиот дел од Tesla and LG.