Шест банки под истрага на Хрватска народна банка

23

HNBШест банки во Хрватска се под истрага на Хрватска народна банка (ХНБ) за да им се докаже злоупотреба на положбата во наплата на трошоци за опомени.

“Една постапка е завршена, две банки самоиницијативно предложија мерки со кои ќе се отстранат воочените недостатоци (Привредна банка Загреб и Хипо) и со тоа ќе се заврши постапката, додека три постапки се уште се водат”, велат од ХНБ за Пословни дневник.

ПБЗ предложил на клиентите на кои им е наплатена опомена во периодот од 21 август 2008 година до 21 јули 2012 година, да им се вратат тие пари со соодветна камата. Тоа ќе го направи и Хипо банка, за периодот од средината на август 2011 година до крајот на јули 2012 година.

Банките на клиентите им ги наплаќале опомените за невратени рати од кредитите.