Шест Британци “тежат“ колку 13,2 милиони најсиромашни

61

Шесте најбогати бизнисмени во Велика Британија поседуваат богатство еднакво на вкупниот имот на 13 милиони најсиромашни луѓе во земјата.

Истражувањето на лондонското здружение Equality Trust покажува дека вкупното богатство на шесте најбогати милијардери во Велика Британија е 39,5 милијарди фунти, што е еквивалентно на богатството на 13,2 милиони најсиромашни Британци.

Списокот на најбогатите го водат браќата Гопичанд и Сриханд Хиндуја, сопственици на групата Хиндуја, со вкупно богатство од 12,8 милијарди фунти. Џим Ретклиф, сопственик на Инеос, има богатство од 9,2 милијарди фунти, додека Мајкл Плат, менаџер на фондот Хеџ, тежи 6,1 милијарди фунти.

Истражувањето покажа дека во Велика Британија, 14 милиони луѓе живеат под линија на сиромаштија, од кои четири милиони се соочуваат со глад.

Ванда Випорска, претседател на здружението, вели дека податоците сигурно ќе ги шокираат многу граѓани на Велика Британија.

“Опасно е да се има толку голема разлика. Фактот дека неколку луѓе имаат огромно богатство покажува колку е слаб нашиот економски систем“, вели Випорска.

Фото: Pexels