Шест чекори до остварување на целите

98

cel

Фото: Pixabay

Еве на што треба да внимавате за да останете фокусирани и истрајни во остварувањето на целите.

Дефинирајте го времето за остварување на целите

Најпрво поделете ги целите на краткорочни, среднорочни и долгорочни. Краткорочните цели се оние што треба да се завршат најмногу за една година, среднорочните до пет години, а долгорочните за повеќе од пет години. Конкретизирајте го планот на реализација според времето потребно за остварување на целта. Во принцип, приоритет имаат краткорочните цели, па потоа следуваат останатите.

Поделете ги целите на помали делови

За да се избегне одложувањето на целите, неопходно е сите сложени среднорочни и долгорочни цели да се поделат на помали краткорочни цели и како такви да се остварат во одредениот рок, чекор по чекор. Сите комплексни цели потребно е да се делат за што полесно да се решат.

Направете план на активности и реализација

Во планот треба да се дефинираат клучните точки во процесот на остварување на целите и да се предвидат (колку што може) евентуалните проблеми.

Поставете приоритети

Ако имате цели што временски се поклопуваат, треба да се издвојат приоритетните и според нив да се реализираат целите. Приоритетите можат и да се променат во зависност од ситуацијата.

Пишувајте во прво лице еднина

Секогаш пишувајте во прво лице еднина. Причина за тоа е персонализацијата и присвојување на целите, а тоа ќе ви помогне истите да ги доживеете како свои и ќе ги намали шансите да се откажете од нив.

Пишувајте во сегашно време

Ова е потребно за целите да ги разберете како реални и достижни без разлика колку се далеку од остварување. Психосоматскиот ефект приближува нешто што можеби нам ни изгледа далеку, не потсетува да развиваме свест за таа цел и ни кажува дека истата е дофатлива и ќе се случи.

Постојано читајте ги вашите цели, иако ги знаете напамет

Со постојаното потсетување на целите вашата потсвест ќе работи за нивно остварување, дури и кога не сте целосно посветени на задачата. Ќе има моменти на слабост, но потсетувањето на целите и што тие значат за вас, ќе помогне во елиминирање на колебливоста.