Шест домашни компании на саемот ПолАгра во Полска

42

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, претставувана од Директорот Вулнет Адеми, претставници од АСИПИРМ и 6 домашни компании од секторот Агрибизнис и преработувачка на храна, од 8 до 10 мај ја претставуваат нашата земја на најголемиот саем за Агрибизнис во Познан, Полска – Полагра. Овој саем има повеќе од 900 изложувачи од 36 земји и е одлична можност на странски купувачи да се запознаат со домашните компании со цел склучување на бизнис зделки и натамошна соработка.

Целта на Агенцијата со оваа програма е не само да ја зголеми вредноста на извозот генериран од страна на македонските компании,туку и да ја промени делумно структурата на извозот со негова диверзификација, што може да дојде само како одоговор на зголемена побарувачка или освојување на поголем пазар.

“Претставувањето на ПолАгра во 2018 е од големо значење за Аграр Ко поради можноста да ги промовираме нашите производи на Полскиот, а исто така и пред странските посетители. Се надеваме дека ќе го прошириме нашето присуство на пазарот во овој дел од Европа и ќе стекнеме нови видувања зa индустриските трендови и конкурентноста”, вели Јасна Стоимировска-Величков, Oсновач на Аграр Ко.

Дел од активностите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Макеоднија, во оваа насока, до крајот на 2018 година ќе бидат фокусирани на промоција на македонските производи на странските пазари,што ќе овозможи поддршка за зголемен обем на извозот, со тоа поголема добивка за компаниите, а и поголем девизен прилив за државата.