Шест милиони денари за иновации на најдобрите основци и средношколци

42

Вкупно 34 проекти на основни и средни училишта, беа наградени во рамките на Програмата Предизвик за млади истражувачи 2 на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и на Министерството за образование и наука.

На церемонијата беа презентирани двата победнички проекти од учениците од првонаграденото основното училиште Даме Груев од Битола и првонаграденото средно училиште Ванчо Прке од Виница.

Со вкупен фонд од шест милиони денари и дополнителни 30.000 денари за менторите на учениците кои се дел од овој проект оваа година се стимулира креативноста и се отвора нова димензија и за основците и за средношколците.

Со над 10 милиони денари се поддржуваат проекти на 54 основни и средни училишта од цела земја во кои над 300 ученици и 130 ментори работат на истражувачки проекти од различни области.