Шестмесечна добивка од 12,5 милиони денари за Фруктал Мак

52

Компанијата за производство на овошни сокови, Фруктал мак, првата половина од оваа година ја заврши со добивка од 12.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 6.401.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни, изнесуваа 193.876.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 103.908.000 денари, а остатокот од 89.968.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pixabay