Shiba Inu го надмина Ethereum по 24 часовен обем

210

Според податоците на CoinMarketCap, дневниот обем на тргување на криптовалутата Shiba Inu сега надмина 15,4 милијарди долари. Поточно, го надмина Ethereum, кој објави обем на трговија од 15 милијарди долари во последните 24 часа.

Во моментот на пишување, Shiba Inu е третата најтргувана криптовалута воопшто – пред неа се само USDT и Bitcoin.

SHIB доминира во обемот на спот тргување на берзата Binance, а исто така е најтргуваното дигитално средство во Coinbase.

Shiba Inu достигна рекордни нивоа на 24 октомври, привлекувајќи го вниманието на крипто заедницата. Откако го достигна својот врв од 0,0000442 долари, криптовалутата се повлече.

Биткоинот, пак, падна нешто под 60.000 долари. Водечката криптовалута стана ранлива на поостра корекција бидејќи „биковите“ не успеаја да ги задржат неодамнешните добивки.

Водечката криптовалута веќе е на пат да го забележи својот прв неделен пад од септември.

Пазарниот аналитичар Бен Каселин изјави за Блумберг дека шпекулациите најверојатно ќе бидат клучната причина за огромниот раст на цените на Shiba Inu.

Неодамна, заедницата беше возбудена од гласините дека Robinhood ќе го котира SHIB, што веројатно ќе биде уште еден катализатор за „релито“.

Валутата порасна за неверојатни 400% од почетокот на октомври.