Шишање во Осло чини 95, а во Џакарта само четири долари

41

Во поразвиените земји фризерските услуги вообичаено се поскапи отколку во земјите со низок стандард. Разликата во цените е прилично голема, а жените најчесто плаќаат повеќе од мажите, некаде дури за 40%.

Така, шишање за жени во Осло чини 95 долари, во Цирих 86, а во Женева 84 долари. Во топ пет се приклучуваат Њујорк со 73 долари и Копенхаген со 68.

Мажите за потшишување најмногу плаќаат во: Осло 77,7 долари, Копенхаген 52,5 долари, Цирих 50,7 долари, Стокхолм 49 долари и Женева 44 долари.

Фризерските услуги за жени се најевтини во: Најроби 10,3 долари, Киев 10 долари, Пекинг девет долари, Манила шест долари и Џакарта 4,6 долари.

Мажите за потшишување најмалку плаќаат во: Манила 5,4 долари, Најроби 5,3 долари, Њу Делхи и Пекинг 5,2 долари и Џакарта само 4,5 долари.

Во Македонија цената за овие услуги варира. Така ,може да се ишишате и за 150 денари, но доколку одлучите да посетите некое познато студио оваа услуга може да ве чини и повеќе од 1.000 денари.

Фото: Pexels