Школа за млади лидери по петти пат во Охрид

43

Школата за млади лидери од денеска до 28 август ќе се одржи во Охрид, што по петти пат се организира по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов.

Школата ќе ја отвори претседателот Иванов, а ќе се обратат и поранешниот претседател на Република Србија Борис Тадиќ, сенаторот во Парламентот на Канада Доналд Мередит, заменик-претседателот на телекомуникациската компанија ЗТЕ задолжен за Европа Ксиао Минг и професорот на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Зоран Илиевски.

На првиот ден од Школата предавања ќе одржат Тадиќ, сенаторот Мередит и заменик-претседатеот на компаниајта ЗТЕ Ксиао Минг.

Школата за млади лидери се одржува по лична идеја на претседателот Иванов. Школата е воспоставена по неговото стапување на функцијата Претседател на Република Македонија и се одржува на годишна основа. Досега се организирани четири интензивни тренинзи за лидерство во 2010, 2011 и 2012 и 2013 година. Идејата на претседателот Иванов е да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент – симулации и практични вежби.