Шолц: Фазата во која сè беше евтино заврши

333

Германскиот канцелар Олаф Шолц  оцени дека фазата на глобализација со ниски цени е завршена.
„Мислам дека заврши фазата на глобализација во која сè беше евтино “, рече тој во Бундестагот.

Шолц се осврна и на проблемот со енергетските извори од Русија, посочувајќи дека најголем дел од увезените фосилни извори на енергија ги користи индустријата.

„Но, ние не увезуваме само фосилни горива од Русија. И на нуклеарните централи им требаат ресурси кои ги набавуваме и од Русија“, додаде тој.