Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергетски извори поради рускиот напад на Украина.
Шолц изјави дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие се одразуваат на економијата на таа земја и дека сето тоа „само секој ден ќе биде уште подраматично“, пренесе АП.
Во исто време, санкциите се дизајнирани да бидат „подносливи“ за оние што ги воведуваат, вклучително и на долг рок, додаде тој.