Поранешнит гувернер на народна банка на Србија, Дејан Шошкиќ, кој сега е професор на Економскиот факултет во Белград, предупредува дека новото задолжување на земјата е опасно, затоа што на тој начин само формално се избегнува банкрот.
Шошкиќ за новогодишниот двоброј на магазинот Бизнис оцени дека Србија создава ситуација во која секоја година се повеќе и повеќе мора да се издвојуваат обврски за плаќање кон оние кон кои должи, а тоа има свои граници и многу висока цена, пренесуваат српските медиуми.
Според него, лекот треба да се бара во реформи и рационализација на јавниот сектор, ниската и стабилна инфлација, во постепен раст на динарските и истовремено намалување на зависноста од евро финансиските инструменти во системот, како и со внимателни и интелигентни фискални мерки, во правец на постепени промени на економската структура.
Зборувајќи за инфлацијата, Шошкиќ оценува дека за Србија е важно да се обезбеди релативно ниска и стабилно ниска инфлација, без големи осцилации, што би значело стабилизирање на цената на храната, како преработена, така и непреработена.