Шпанија: 187.000 долари казна ако фирмите ги кријат платите на вработените

26

Шпанија планира да го забрани јазот во платите меѓу мажите и жените, обврзувајќи ги компаниите да ги откријат платите на вработените или ќе се соочат со парични казни, пренесува Associated Press.

Според новите прописи, компаниите се соочуваат со парична казна од 187.000 евра ако не го откријат системот што го користат за утврдување на основната плата и другите надоместоци за своите вработени.

Шпанската министерка за труд, Јоланда Диас, оцени дека овие нови прописи се историски. Министрите во коалиционата влада донесоа две уредби според коишто детално се открива законот за родова рамноправност на работното место, одобрен две години порано.

Според владините податоци, жените во Шпанија заработуваат 22% помалку од машките колеги.

Фото: Pixabay