Шпанија, Франција и Германија најконкурентни во светот за туризам и патувања

108

Шпанија е најконкурентна земја во светот кога станува збор за туризам и патувања, покажува извештајот на Светскиот економски форум (The Travel & Tourism Competitiveness Report 2019).

Во петте најконкурентни земји се вбројуваат и: Франција, Германија, Јапонија и САД.

Од вкупно 140 земји, опфатени во извештајот, на најдобра позиција во регионот има Грција (25-та). Хрватска се позиционираше две места подолу, додека Словенија е 36-та во светски рамки. Турција, според извештајот е 43-та, а Бугарија две места подолу. Пред нас се и Црна Гора (67-ма позиција), Србија (83-то место) и Албанија (86-та). Земјава се најде на 101-во место, а зад нас е само Босна и Херцеговина (105-та).

На дното на оваа ранг листа се најдоа најмалку конкурентните земји: Либерија, Чад и Јемен.

Во рамки на извештајот, предвид се земаат повеќе клучни критериуми: окружување, политики за туризам и патување, инфраструктура и природни и културни ресурси.

Фото: Pixabay