Шпанија, Мексико и Холандија имаат нешто заедничко – пиперки

61

Се наоѓаме во сезона на пиперките, односно кога во домовите овој зеленчук има широка примена, во зависност од желбите на креативните домаќинки.

Во светски рамки, минатата година извозот на благи и лути пиперки достигна вредност од 5,5 милијарди долари, покажуваат податоците од анализата на World’s top exports.

Шпанија е извозник број еден, којашто минатата година од извоз на пиперки инкасираше 1,2 милијарди долари. Во првите пет влегуваат и: Мексико (1,1 милијарда долари), Холандија (една милијарда долари), Канада (386 милиони долари) и САД (242 милиони долари).

Од земјите во регионот, Словенија е 19-та со извоз од 31 милион долари. Потоа следува Грција со 30,9 милиони долари. Минатата година земјава од извоз на благи и лути пиперки заработи 12,2 милиони долари. По нас следуваат: Србија (осум милиони долари), Албанија (7,4 милиони долари), Бугарија (5,6 милиони долари), Хрватска (880.000 долари), Босна и Херцеговина (791.000 долари) и Црна Гора (31.000 долари).

Фото: Pixabay