Шпанија одвојува 11 милијарди евра помош за мали и средни компании

23

Шпанските власти одобрија пакет помош за мали и средни компании, во висина од 11 милијарди евра, со цел да им помогне да ја надминат кризата предизвикана поради пандемијата.

Пакетот опфаќа седум милијарди евра директна помош и три милијарди евра во програмата за доброволно реструктуирање на заемите коишто банките со државна помош им ги одобрија на компаниите погодени од пандемијата, посебно во туристичкиот сектор.

Милијарда евра од тој пакет е резервиран за докапитализација.

Директната помош вклучува зголемена поддршка за туризмот, преку две милијарди евра наменети за компаниите на Балеарските и Канарските острови, региони коишто имаат голем пад на туризмот.

Фото: Pixabay