Шпанија планира да инвестира 11 милијарди евра во развој и производство на микрочипови

119

„Шпанија планира да инвестира 11 милијарди евра (12,4 милијарди долари) во развој и производство на микрочипови и полупроводници како дел од серијата стратешки проекти за преобликување на нејзината економија“, рече премиерот Педро Санчез.

„Сакаме нашата земја да биде на чело на индустрискиот и технолошкиот напредок“, изјави Санчез денеска во Мадрид, без да даде повеќе детали, цитиран од Блумберг.

Тој додаде дека проектот наскоро ќе биде одобрен од неговата влада.

Фото: Pixabay