Шпанија за еден месец прими над милиони странски туристи

35

Шпанија во мај регистрираше 1,36 милиони странски туристи, што е двојно повеќе одошто во април, благодарение на ублажените мерки за сузбивање на пандемијата, објави тамошниот завод за статистика.

Во април минатата година, странски туристи скоро и да немаше бидејќи земјата беше под строг карантин за да го запре ширењето на коронавирусот.

Податоците за мај оваа година покажуваат двојно повеќе странски туристи одошто во април, но уште се 83% пониски одошто во истиот месец во 2019 година.

Странските туристи во мај потрошиле вкупно 1,39 милијарди евра, што е за 83% помалку одошто истиот месец во 2019 година.

Фото: Pexels