Шпанската економија во “плус“ во последниот квартал од 2020 година

32

Бруто домашниот производ на Шпанија забележа пораст во последното тримесечје од 2020 година и покрај ограничувањата воведени за да се сузбие вториот бран од зараза со коронавирус, пренесува Ројтерс.

“Сè укажува на тоа дека позитивниот тренд продолжи и во четвртото тримесечје и покрај тоа што на сила е вториот бран од коронавирусот којшто ја зафати цела Европа“, вели шпанската министерка за економија, Надиа Калвино.

Според нејзе, економскиот раст на Шпанија ќе биде уште поинтензивен одошто во другите поголеми европски земји во 2021 година.

Централната банка на Шпанија предвидува пад на економијата во последното тримесечје од 2020 година, по закрепнувањет во периодот од јули до септември.

Владата во Мадрид проценува дека економијата минатата година имала рекорден пад од 11,2%, а за оваа година се очекува раст од најмалку 7,2%.

Фото: Pixabay