Шпански Glovo стана еднорог – достигна вредност од милијарда долари

197

Европскиот старт – ап за испорака Glovo успеа да собере 150 милиони евра во процес на финансирање што го водеше инвестициона компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, а учествуваат неколку компании – Lakestar, Drake Enterprises и Idinvest.

Оваа инвестиција доаѓа само осум месеци откако шпанскиот старт – ап најави инвестиција во висина од 150 милиони евра, а од моментот на основање пред четири години успеа да собере нешто повеќе од 500 милиони долари.

Компанијата сега има вредност проценета на една милијарда долари, со што добива статус на еднорог.

Инаку, Glovo е основан во 2015 година во Барселона, а една од многуте компании што се занимаваат со логистика и користат технологија за да ги поврзат купувачите со компаниите. Преку мобилната апликација на Glovo, корисниците можат да порачаат најразлични намирници, а нивните курири ги испорачуваат нарачките за помалку од еден час.

Во овој момент има над 1,8 милиони корисници во 288 градови, а вработува над 1.500 луѓе ширум светот, пишува Venturebeat.

Фото: Facebook