Шпанскиот “аеродром на духови” на продажба

22

aerodromЦентралниот аеродром Сиудад Реал, 200 километри јужно од Мадрид, чија изградба чинеше 1,1 милијарди евра и стана симбол на залудно фрлање пари, сега се продава за минимална цена од 100 милиони евра.

Првиот шпански приватен меѓународен аеродром е отворен во 2008 година, но на него не слетуваа комерцијални летови од 2011 година. Операторот на аеродромот банкротираше минатата година поради долг од 300 милиони евра, откако не успеа да привлече доволно сообраќај, па затоа стана познат како “аеродром на духови”, јавува АП.

Аеродромот има долга писта на која може да слета и најголемиот авион на светот, Airbus 380 и капацитет да опслужи 10 милиони патници.

Според шпанските медиуми, аеродромот е ставен на продажба вчера, а понудите ќе се прифаќаат до 27 декември.