Шпаркасе банка доби согласност за стекнување акции на Македонска берза и ЦДХВ

22

komisija za hartii od vrednost

Шпаркасе банка АД Скопје доби согласност од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за стекнување квалификувано учество во Македонска берза и во Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ), чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20% од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва.

Шпаркасе банка има намера да стекне 278 обични акции од Македонска берза што претставува 9,95% од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од Централниот депозитар за хартии од вредност, односно 14,03% од акционерскиот капитал на депозитарот.

КХВ укажува дека доколку Шпаркасе банка ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги  поседува, вкупно би имала 15,97% од акциите на Македонска берза и 19,98% од акциите на Централниот депозитар за хартии од вредност.