Шпаркасе банка ја додели главната награда од наградната игра Happy Monday за корисниците на Mastercard

16

sparkase-banka-facebook

Шпаркасе Банка Македонија ја додели главната награда од наградната игра Happy Monday, којашто беше организирана во периодот од шести ноември до 31-ви декември, за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard, стои во соопштението.

Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на Mastercard платежните картички (Mastercard Debit, Maestro, Mastercard Standard и Mastercard Gold) издадени од Шпаркасе Банка Македонија, со секоја реализирана трансакција во износ поголем од 300 денари на продажните места и е – commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и во странство.

Согласно со Правилата на наградната игра по истекот на секоја седмица, банката секој понеделник во периодот на наградната игра спроведуваше електронско извлекување на седум среќни добитници на парична награда во износ од 5.000 денари од трансакциите реализирани за секој ден од седмицата и една награда во износ од 50.000 денари од вкупниот број реализирани трансакции во истата седмица.

По истекот на периодот на наградната игра или изминати осум седмици беа наградени вкупно 56 добитници на парични награди во износ од 5.000 денари и осум добитници на парични награди во износ од 50.000 денари.