Шпаркасе банка со нова функција

33

Шпаркасе Банка Македонија ја презеде функцијата Чувар на имот на средствата на пензиските фондови на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, стои во соопштението.

Почнувајќи од 3 октомври банката ги презема активностите и функцијата на банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво.

По добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување на Р.Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е акционерско друштво што управува со средства на пензиски фондови во Р. Македонија и е основано од реномирани финансиски институции, Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plc од Љубљана.

Нивните фондови и инвестициски стратегии се добитници на престижни меѓународни награди и признанија и управува со најмногу средства на членовите во системот на капитално финансирано пензиско осигурување.