Шпаркасе ќе ги доставува девизните изводи на клиентите преку е-маил

26

sparkase-banka-facebook-580x580Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје нуди опција девизните изводи и пропратната документација да се доставуваат преку електронска пошта на е-маил адресата на клиентите, стои во соопштението.

Банката во иднина ќе се ориентира кон масовно користење на електронските канали на дистрибуција на документите кон клиентите и притоа постепено ќе ја укинува доставата на истите по редовна пошта.

Клиентите треба да ја посетат најблиската експозитура за да пополнат образец за контакт информации за достава на девизни изводи, а има опција истиот образец потпишан од законскиот застапник на правното лице да се достави преку електронска пошта до вработени на банката, со кои клиентот најчесто комуницира.