Шпилје за два месеца произведе над 51 милион киловат часови

19

Хидроцентралата Шпилје кај Дебар, продолжува со позитивното производство, коешто е континуитет на ланското рекордно производство на електрична енергија, пишува Миа.

“Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија што претставува 19% од вкупно планираното производство за годинава. Како резултат на поволната хидрологија, во акумулацијата Дебарско Езеро има резерва на вода за производство на 32 милиони киловат часови“, велат надлежните од ЕЛЕМ.

Според нив, моментно дотокот на вода од реките Радика и Црн Дрим, во акумулацијата Дебарско езеро изнесува 62 метри кубни во секунда.

Како резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје и навреме извршените ремонти и ревизии на електромашинската опрема, во Шпилје лани беа произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија.