Шри Ланка доби автобуски билети направени од сапун

42

reklama

За да ја демонстрира посветеноста на подобрување на здравствената грижа во Шри Ланка, Asiri Hospital Group и агенцијата Leo Burnett креираа автобуски билети направени од сапун.

Како едни од најголемите жаришта на заразни болести се преполните автобуси. Затоа болницата и агенцијата направија билети од сапун, кои прават пена во допир со вода.

Многу болести можат да се спречат со редовно миење на рацете, а на јавните места во Шри Ланка ретко каде може да се најде сапун.