Шри Ланка, Индонезија и Кина – три земји најголеми извозници на цимет во светот

149

Шри Ланка е најголем извозник на цимет во светот, чија вредност минатата година достигна вредност од 194 милиони долари. Зад нејзе се најде Индонезија, од каде што извозот на овој егзотичен зачин достигна вредност од 141 милион долари. На трета позиција се најде Кина со извоз од 135 милиони долари.

Во првите 10 топ извозници се најдоа и: Виетнам (116 милиони долари), Холандија (23 милиони долари), САД (12 милиони долари), Германија (11 милиони долари), Франција (осум милиони долари), Мадагаскар (седум милиони долари) и Индија (6,2 милиони долари).

Од земјите во регионот, Хрватска е 35-та со извоз на цимет во висина од 314.000 долари. Грција е 43-та во светот со извоз од околу 200.000 долари, а Словенија е зад нејзе се извезен цимет вреден 180.000 долари. Бугарија и Србија лани оствариле извоз на цимет во висина од 130.000, односно 120.000 долари. Босна и Херцеговина е 77-ма во светски рамки со извоз од 10.000 долари, додека од земјава лани е извезен цимет од 6.000 долари.

Фото: Pixabay