Штедење на софтвер може скапо да го чини вашиот буџет

26

kaspersky-lab-fb

Фото: Facebook

Официјалниот блог на Kaspersky Lab укажува на тоа колку бесплатниот софтвер некогаш може корисникот да го чини премногу.

“Да речеме дека некој сака да ги објави своите видеоснимки од одморот и да ги сподели со пријателите. Наместо да плаќа за уредувач на видеа, тој бара бесплатно преземање на Adobe premiere (download Adobe premiere free) или нешто слично на тоа. Еден од првите линкови води до одлично место со пристоен дизајн. На почетокот, сè изгледа добро. Софтверот ги презема, инсталира и лансира без никаков проблем, но бара код за активирање. Во истиот момент, корисникот забележува дека компјутерот станува побавен од вообичаено. Другото изненадување доаѓа следниот месец: сметката за електрична енергија е доста повисока од вообичаено“, пишува на официјалниот блог на Kaspersky.

“Бесплатните“ верзии на овие небесплатни програми претставуваат сериозна опасност. Тие претставуваат сериозна закана што остава последици – во последните години се забележува пораст во бројот на обиди за заработка на пари на сметка на оние кои ги сакаат бесплатните програми.

За да може да се заштитат корисниците од ваков вид на напади, Kaspersky дава едноставни правила што треба да се следат:

  • Преземајте ги сите програми, вклучувајќи ги легитимно бесплатните, само од официјални страници или онлајн продавници за апликации
  • Инсталирајте сигурно безбедносно решение, како што е Kaspersky Internet Security
  • Овозможете детектирање на ризици преку системот за заштита на вашиот компјутер.