Штетите на авиокомпаниите се проценуваат на 252 милијарди долари

85

Авиопревозниците ширум светот веќе ги пребројуваат загубите предизвикани од коронавирусот, а проценките велат дека тие ќе достигнат 252 милијарди долари.

“Кризата што ја зафати нашата индустрија е најголема досега“, изјави генералниот директор на Меѓународното здружение за авиосообраќај, Александр Де Жиниак.

Кризата погоди 98% од патничкиот сообраќај во светски рамки, а во просек авиокомпаниите имаат пари само за два месеца.

Авиокомпаниите поради пандемијата од коронавирусот ги сопреа најголемиот дел од предвидените летови, а уште во првите недели од појавата на пандемијата побараа финансиска поддршка од над 200 милијарди долари.

Фото: Pixabay