Што е асертивност?

202

Асертивност е способност за искрено искажување на сопственото мислење, чувство или став без да се кршат правата на другите луѓе.

Проблемот со асертивноста се јавува во оние моменти кога треба да се замолат другите за некоја услуга или пак да им се угоди. Овој вид на однесување кај луѓето се карактеризира со самоуверена комуникација и изразена свесност за сопствените права и вредности.

Во бизнисот е мошне важно ваквото однесување, бидејќи создава клима на добра соработка, можност за развој, разбирање меѓу колегите и квалитетна комуникација.

Без оглед на хиерахиската поставеност, секој има право да каже сопствено мислење, да направи грешка, но и да сноси одговорност за тоа. Асертивноста подразбира и право да се каже – јас ова не го разбирам, ова не се однесува на мене.

Меѓу главните карактеристики на асертивното однесување се активното слушање и почитување на соговорникот. Но, важно е и јасното изразување, прифаќање на одговорност, подготвеност да се каже извини или благодарам, како и упатување на поткрепена критика или пофалба.

Асертивните луѓе се почитуваат себе, сопственото време и енергија, имаат доверба во она што го прават или зборуваат. Но, не се егоцентрични, туку го почитуваат и туѓиот став и мислење, како и нивното време и начин на работа.

Фото: Pixabay