Што е аукција?

757

aukcija-ucesnik-pixabay

Фото: Pixabay

Под поимот аукција се подразбира меѓународна институција каде што продажбата се врши со јавно наддавање. Станува збор за организиран пазар на производи со нестандарден квалитет, којшто функционира по одредени правила што им се познати на сите учесници и се одржуваат во специјално опремени простории. Предмет на аукција може да бидат најразлични производи (кожа, крзно, производи од црна металургија…); запленети и хаварисани производи; антиквитети; уметнички слики; ретки предмети и слично.

Аукцијата може да се анализира како најпрецизна постапка за одредување на цена на одреден производ, бидејќи секоја понудена стока се продава по највисоката цена којашто во тој момент може да се постигне на пазарот. Лоша страна на аукцијата е тоа што на пазарот може да учествуваат релативно малку учесници.

Постојат различни видови на аукции, а еден од најважните критериуми за нивната поделба е во однос на фреквенцијата на организирање – повремени и постојани. Повремените аукции се организираат кога ќе се укаже потреба за продажба на одредени предмети што ретко се продаваат или коишто мора да се продадат по наредба на судот.

Првата аукција е организирана во Стариот Рим. Целта на нивното одржување е да ги заштити интересите на оние кои се отсутни, а чиј имот е предмет на продажба. Подоцна, истиот овој начин бил користен за продажба на имотот на должникот, по одлука на судот за да може доверителите да ги подмират своите побарувања. Постојаните имаат одреден континуитет во нивното организирање и одржување.

На аукциите тргуваат аукциски брокери, односно компании што се регистрирани кај аукциската куќа за ваков вид на тргување. Овие компании ги застапуваат купувачите на аукцијата. Од некои фирми се бара и депонирање на меница на име на фирмата како гаранција.