Што е банка за вино?

213
side view of a bouquet of red and yellow color tulips in craft paper and a glass of wine on red background

Хрватскиот град Истра ја добива првата банка за вино. Таа се наоѓа во вински подрум на куќа, има 39 сефови во коишто може да се сместат од 36 до 48 шишиња вино, пишува Пословни дневник.

Може да се изнајмат најмногу два сефа, а досега е пополнет половина од вкупниот капацитет на банката.

Ваквите банки во светот се прилично популарни, но во земјите од регионот сè уште се реткост.

“Нешто слично на ова видов во странство и одлучив да отворам банка за вино во Истра. Така понудив нова содржина во Истра и ја збогатив понудата на Casa Rossa. Банката е наменета за љубители на вино, посебно оние кои ја знаат вредноста на одлежаното вино, ретки етикети, правилно чување на виното, колекционери и сите оние кои сакаат да истражуваат и да патуваат“, вели Томислав Фурлан, основач на банката за вино.

Фото: Freepik