Што е Coffee shop effect?

96

Веќе одамна како да излегоа од “мода“ класичните канцеларии и сè повеќе луѓе работат на места каде што се чувствуваат многу поудобно и далеку попродуктивно.

Таканаречените freelance професии овозможуваат работа од било кое место на планетата, па единствено е важно да се има мобилен телефон или лап топ со интернет конекција. Досега сме пишувале за придобивките, но и предизвиците што ги носи работата од дома, овој пат ќе споделиме истражување што покажува колку е продуктивно да се работи од омиленото кафуле.

Група научници по невропсихологија спровеле истражување, чии резултати покажуваат дека работата во кафуле има неколку придобивки што ја зголемуваат продуктивноста.

Самата помисла дека не сте окружени со колеги, ви го зголемува комфорот. Исто така, кафулињата се обидуваат да доловат пријатна атмосфера со релаксиран амбиент, комфорен мебел, пријатна музика, арома на кафе… Сите овие елементи заедно создаваат чувство на пријатност, поголема концентрација и удобност за работа без некој да ви пречи.

Па затоа, доколку имате бучни колеги или работите од дома и се чувствувате помалку изолирано, за промена земете си го компјутерот со себе и седнете во омиленото кафуле.

Фото: Pixabay