Што е црн фонд?

 

Фото: Pixabay

Црн фонд претставува паричен фонд за тајни плаќања, мито на лицата за некоја тајна активност или нелегални услуги, но најчесто за покривање на непредвидени трошоци. Црниот фонд практично го сочинуваат парични и материјални средства определени за некоја цел, резерви од пари, стоки и слично.

По некое непишано правило, црн фонд поседува секоја компанија, здружение, физичко или правнио лице. Црниот фонд или уште народски наречен златна резерва, според економските експерти, е спас во случај на финансиска нестабилност.

Јавна тајна е дека црн фонд поседува и секоја земја, држава.

Неодамна, на земјите од Еврозоната им беше препорачано да формираат заеднички црн фонд, што би им помогнал во случај на пад на економијата. Црниот фонд е и една од опциите за воспоставување буџет на Еврозоната или за јакнење на фискалниот капацитет.