Што е customer care?

73

Customer care или во буквален превод грижа за клиентот подразбира низа услуги и активности што продавачот (на производот или услугата) му ги нуди на купувачот пред, за време и по продажбата.

Грижливиот и посветен однос и комуникација што продавачот го гради со купувачот претставуваат важен систем за успех на долг рок. Продавачот може да понуди производ со врвен квалитет, негова одлична промоција, попуст, дополнителни акции… но доколку фокусот не се стави на купувачот и не се изгради меѓусебна доверба, успехот ќе биде ставен под знак прашалник.

Ако купувачот повторно се врати, тогаш тоа значи дека customer care си го направило своето. Штом купувачот си заминува среќен и задоволен, го препорачува производот или услугата на свои блиски, повторно го купува… тогаш работата на customer care е успешно завршена.

Да се биде грижлив и посветен на своите купувачи значи да се изгради силна врска со купувачот, преку којашто ќе добие впечаток дека тој е во центар на вниманието.

Ако продавате производ, тогаш треба на својот клиент да му помогнете да сфати дека го прави вистинскиот избор ако го купи она што го нудите вие. Истото важи и за услугите, ако купувачот е задоволен како е услужен, тогаш успехот е загарантиран.

Но, ништо не почнува и не завршува со продажбата. Напротив, важна е подготовката за да се одбере каналот на комуникација, но и грижливоста за тоа како производот или услугата се “прилагодил“ на потребите на купувачот.

Фото: Pixabay