Што е даночен рај?

282

Фото: Pixabay

Даночен рај претставува земја или регион во којшто владее поволен фискален режим и дестинација на луѓе или компании коишто плаќаат помалку данок, иако седиштето на нивните деловни операции е во други земји.

Даночниот рај, како земја во којашто одредени видови на приходи не се оданочуваат, на бизнисмените им обезбедува посебни привилегии. Лоцирање во даночен рај за една компанија значи прилика да заштеди на данок. Но, освен даночни олеснувања, важни критериуми за донесување одлуки околу изборот на локацијата се и политичката стабилност на земјата, системот на комуникација и транспорт и слично.

Постојат четири видови на даночен рај:

  • Земји без даноци, како што се Бахамите,
  • Земји со даноци со ниски стапки, како што се Девствените острови
  • Земји во коишто се плаќа данок на приход од домашни, но не и од странски извори, како што Хонг Конг
  • Земји што нудат специјални привилегии, односно коишто се сметаат за даночен рај само за гранични цели.